СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишно лице од село Ботун, општина Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. На 15.07.2015 година и 11.07.2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Дебарца, склучил договори за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги со еден мобилен оператор според кои му биле доделени мобилни телефони.

Како што информираат од МВР, пријавениот не ги евидентирал телефоните во пописните листи и по завршувањето на функцијата не ги раздолжил, со што се стекнал со материјална корист од 241.452 денари на штета на општина Дебарца.

OhridNews