Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неизвршување судска одлука“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишен охриѓанец.
– Тој, со судско решение издадено од Основниот суд Охрид имал забрана да врши семејно насилство. И покрај тоа, пријавениот продолжил да ја малтретира, вознемирува, навредува и физички да ја напаѓа неговата 81 годишна мајка, да оштетува и фрла предмети од домот и да врши семејно насилство од секаков вид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
На 17-ти февруари оваа година, пријавениот во присуство на малолетни членови од семејството, започнал повторно со вознемирување, малтретирање и упатување на закани кон неговата мајка по што физички ја нападнал. На тој начин, пријавениот предизвикал чувство на страв, несигурност и вознемиреност кај неговата мајка и останатите членови од семејството.
OhridNews












