Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишно лице од село Велгошти, вработено како секретар-благајник во охридското основно училиште „Григор Прличев“ за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, искористувајќи ја својата службена положба и овластување на 21.03.2017 година изготвил две засебни решенија за стекнување на статус на административен службеник и распоредување на работно место со ист архивски број и со ист датум на издавање и го доставил на потпис до тогашната директорка на училиштето со барање на итен потпис заедно со договорите за уште 10 вработени, од кои едното решение гласело дека пријавениот е вработен на неопределено работно време, а другото решение на определено работно време.
OhridNews












