СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27- годишно лице од Скопје и 27- годишен охриѓанец за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотична дрога“.

Во населбата „Св. Стефан“ во Охрид, при извршен преглед кај лицето од Скопје пронајдени и запленети биле 1,83 грама марихуана.

Додека пак, кривична пријава против охриѓанецот е поднесена поради тоа што при претрес во неговиот дом на ул. „Војдан Чернодрински“ пронајдени биле пет опушоци од рачно изработени цигари на мешавина од марихуана и тутун, како и остатоци од марихуана. Пријавениот во неговиот дом им овозможувал на други лица да користат марихуана.

OhridNews