Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност и „ Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицето 52- годишен жител од струшкото село Џепин.

– Пријавениот на свадбената веселба, пред два дена, испукал повеќе куршуми од огнено оружје-пиштол кој го поседувал без дозвола. Притоа, неколку куршуми завршиле во бетонската плоча од неговата куќа  по што се случило повредување на пет лица кои што присуствувале на свадбената веселба, информира портпаролот на СВР Охрид, м- р Стефан Димоски.

Со повреди во пределот на челото се здобило 46- годишно лице од селото Ливада,   додека 19- годишна жителка на Џепин се здобила со влезно-излезна рана на задниот дел од десната нога. Кај  ушт еедно лице од истото село се нанесени повреди во мускулниот дел од десната потколеница, а други две лица се здобиле со огреботини по телото.

Предизвиканите повреди  се констатирани од доктор-хирург при општата болница во Струга.

Огненото оружје кое пријавениот нелегално го поседувал и со кое се предизвикани повредите е пронајдено од полициските службеници и одземено. Истото е испратено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

OhridNews