Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ давање лажен исказ“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 26-годишна охриѓанка.
– Пријавената, на петти јануари оваа година, во Отсекот за управни работи при СВР Охрид, во управна постапка дала лажен писмен исказ дека пред околу една година, ја загубила својата возачка дозвола. Тоа го направила иако знаела дека возачката дозвола како јавна исправа, претходно ја употребила во Република Италија за замена на македонската и добивање на италијанска возачка дозвола, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Врз основа на овој писмен исказ даден во управна постапка, СВР како државен орган, ја заснивал одлуката на пријавената да и се издаде нова возачка дозвола.
OhridNews












