СВР Охрид поднесе кривична пријава против поранешен советник за правни работи во Одделение за катастар на недвижности во Охрид, за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавениот во текот на 2009 година, впишал права врз имот поголем за 29 метри квадратни од дотогашните катастарски евиденции во корист на едно лице, а на штета на две други лица од Охрид. По ова, изготвил правосилно решение за правото на имотот, а потоа ги прекршил и одредбите од управната постапка и не го доставил актот за промената до трите странки.

OhridNews