Поради основано сомнение дека  сторил едно продолжено кривично дело “Даночно затајување” и четири кривични дела “Фалсификување или уништување деловни книги” СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Б.Ш. роден 1951 година  од Охрид.

Пријавениот, во својство на одговорно лице – Управител на фирмата ,, Фунда,, Дооел Охрид, во текот на 2006 и 2007 година, со намера целосно да избегне плаќање персонален данок од доход, не ги евидентирал уплатите извршени во готово од повеќе физички лица од Охрид и Струга, како цена за уредување на градежно земјиште. Наместо да ги внесе на жиро-сметка, пријавениот парите ги чувал кај себе и ги користел за приватни потреби. Тој на граѓаните им издавал писмени изјави за извршена уплата но не и финансиски документ каса-прими. Парите  не ги евидентирал на благајната и не подготвувал благајнички извештај. На крајот од деловните 2006 и 2007 година, уплатите не ги прикажувал со завршна сметка и не прикажал обврски за данок.

На тој начин, пријавениот Б.Ш. затаил вкупно 2.728.926 денари на кои не пресметал и избегнал да плати персонален данок на доход во износ од 409.339 денари.

Извор:СВР Охрид