Поради основано сомнение дека е сторител на едно казнено дело ,, Бесправно градење,, Секторот за внатрешни работи Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Б.Б. роден 1940 година од Охрид.
   
Пријавениот, на улицата ,,Аџи Мустафа,, во Охрид, каде пријавил живеалиште, бесправно изградил стамбен објект со три висини и со габарит 10,8 со 10 метри. Куќата ја изградил на место, кое според катастарската евиденција на оделението за премер и катастар – Охрид, не се води на име на пријавенииот или на негови роднини.
   
Тој на локација која порано била стара и дотраена приземна куќа, во текот на месец Април 2008 година, спротивно на Деталниот урбанистички план и без одобрение за градба, бесправно започнал да гради индивидуална стамбена куќа за која немал извадено локациски услови. Пријавениот Б.Б. во Секторот за урбанизам, заштита на животна средина и комунален развој при Општина Охрид, не повел  постапка за утврдување на градежна маркица и зацртување на објектот, не доставил идеен проект и друга техничка документација за утврдување на локациски услови ниту започнал постапка за уредување на комуналиите.
 
Б.Б. немал ниту уредени сопственички односи за земјиштето на кое ја изградил куќата. Според катастарската евиденција на Оделението за катастар на недвижности и поседовни листи, дел од земјиштето е сопственост на физичко лице  а дел е државна сопственост.
   
Изградената дивоградба била констатирана и од инспекцискитте служби на Секторот за урбанизам.

извор: СВР Охрид