Секторот за внатрешни работи Охрид, поради основано  сомнение, дека е сторител на кривично „ Овозможување на употреба на наркотични дроги“, поднесе кривична пријава против  Г.Л. (26) наркозависник од Охрид.
 
На ден 18.11.2009 година, пријавениот, заедно со Р.Т. (22) локален наркозависник, враќајки се од Центарот за лечење на зависници од дрога, влегле во дворот на ОУ„Христо Узунов“ . Тука, во близина на спортската сала, Р.Т. се обидел сам да го подготви шприцот со 10 милилитри „Дијазепам“ и „Метадон“ но бидејки добил силно тресење на рацете, подготовката ја направил пријавениот Г.Л.  а потоа, со силно стегање на левата рака, се обидел да извршил ињектирање во вената на Р.Т.


Во намерата, сепак не успеал, бидејки во моментот кон нив се упатил вработен во училиштето кој претходно бил известен од неколку ученици, кои го виделе целиот настан.  Двајцата наркозависници избегале и се скриле во тоалетот од училиштето,  каде, пријавениот го извршил вбризгувањето на подготвената течност. По кратко време успеале да избегаат.
 
Набрзо потоа лицата се пронајдени и приведени од Инспекторите од Оделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, соопшти полицијата.

Ohridnews