СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38 годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем“.

Тој, на 01.03.2022 година и 08.03.2022 година, без знаење и одобрение од оштетениот,  лице исто така од Охрид, ја искористил неговата платежна картичка и од истата извадил парични средства, а потоа ја користел при купување во маркети и други продажни места, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews