СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен охриќанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Како што информира денеска СВР Охрид, тој на 25 јануари на социјалната мрежа „Фејсбук“, од својот профил напишал недоличен и навредлив коментар со кој поттикнувал омраза, дискриминација и насилство кон група граѓани.

OhridNews