СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишно лице од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „разбојничка кражба“, три „тешки кражби“ и една „тешка кражба во обид“.

Тој, казнените дела ги извршил во периодот јули-септември 2020 година во повеќе куќи во Охрид, каде влегувал користејќи физичка сила и подесен алат. Притоа одземал пари, накит и други вредни предмети, соопшти СВР Охрид.

OhridNews