Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишен охриѓанец за сторено  кривично дело „одземање малолетник“.

Како што информираат од МВР, на 5-ти април, во Охрид на улица „Александар Турунџиев” пријавениот во домот на лице, кај која со решение од Центар за социјални работи Охрид се згрижени три лица на возраст 9, 11 и 12 години на кои пријавениот им е родител, по упатени закани кон лицето-згрижувател, насилно ги одзел децата.

OhridNews