СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ по член 244 од Кривичниот законик.
На катастарска парцела во охридското село Рамне, тој без одобрение за градење од надлежен Државен орган започнал со градба на бетонска плоча и други придружни градежни зафати. Од градежна инспекција донесено е решение за отстранување на градбата.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од струшкото село Делогожда, 24-годишно лице од селото Поум и 24-годишно од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 27.09.2026 во продажен објект на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, пријавените физички и со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












