Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 30-годишно лице од с.Подмоље, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 18.11.2025 во с.Велешта, струшко, полициски службеници го забележале пријавениот како фрлил пакување со кокаин, кое било пронајдено, информираат од МВР.

OhridNews