
Пријавениот, казненото дело го сторил на седми мај оваа година околу 21,00 часот во семејната куќа на улицата „Даме Груев” во Охрид каде, во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со неговата мајка барајќи и пари. Откако оштетената му одговорила дека нема пари, пријавениот зел нож во рацете и крајно агресивен и упатил сериозни закани по нејзиниот живот. Потоа го отфрлил ножот и зел секира по што, физички ја нападнал ударајќи ја со раце и нозе. По извршен медицински преглед, кај оштетената биле забележани повреди во пределот на главата, левата потколеница и градниот кош како и отекотини по целото тело, соопшти МВР.
OhridNews











