СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од струмичкото село Банско, со престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ од кои една во обид.

Пријавениот во периодот од 25.02 до 31.03.2017 година на подрачјето на Струга со употреба на погоден предмет ги извршувал делата во подрум, патнички возила и куќи од каде одзел поголема количина техничка стока, воздушна пушка, пари и други предмети.

Покрај ова пријавениот од кејот одзел околу 120 метри кабел поставен за улично осветлување на кејот, сопственост на Општина Струга и ребрасто црево во должина од 100 метри.

OhridNews