Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против лицето 70-годишен стружанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 20.03.2019 година во селото Мороишта, пријавениот на нива запалил сува трска и трње, по што пожарот се проширил и на имотите од шест лица. Притоа, биле опожарени три плевни, бали со сено, штала со домашни животни, кровна констукција на куќа, огревни дрва, покуќнина и други предмети, со што била причинета материјална штета од околу 900.000 денари.

OhridNews