СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42-годишно лице од селото Лактиње, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ и против 57-годишен жител на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување лице во вршење работи на безбедноста”.

Пријавените, на 04.09.2020 во угостителски објект на ул.„Железничка“ во Охрид го нарушиле јавниот ред и мир, по што првопријавениот најпрво упатил вербални навреди кон полициските службеници кои пристигнале, а потоа заедно со второпријавениот и физички ги нападнале, спречувајќи ги полициските службеници во извршувањето на службените дејства. – соопшти МВР.

OhridNews