СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.О. (21) и К. Т. (27), двајцата од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, а К.Т. е пријавен и за „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанци“.

Во текот на 2010 година, М.О. во пет наврати му продавал наркотична дрога „хероин“ на К.Т., кој ја препродавал и им овозможувал во неговиот стан да ја користат други лица. При претрес во станот на К.Т. пронајдени и одземени се 0,68 грама наркотична дрога „хероин“ и 17 семки од растението „канабис сатива“.

OhridNews