СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.К.(32) од Кочани и А.К.(36) од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Во ноември 2011 година, во атар на селото Оризари-кочанско, пријавените собрале корени од растението „канабис сатива“ наменети за продажба. Од страна на полициски службеници при извршен преглед над истите и во домот на И.К., пронајдени се вкупно 273,1 грам наркотична дрога „марихуана“ и 0,3 грама мешавина од марихуана и тутун.

OhridNews