Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицата З.Р. роден 1984 година од селото Куратица и Т.К. роден 1988 година од селото Лескоец, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори,“ и „Овозможување на употреба наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на Истражен судија при Основниот суд во Охрид, одредена им е мерка притвор во траење до 30 дена. Во почетокот на месец јуни оваа година, првопријавениот, од лице од Битола, купил извесна  количина опојна дрога  „марихуана“ која, со цел за лично користење но и за натамошна продажба, ја сокрил во својот дом. Во текот на јуни, првопријавениот, дел од купената дрога ја продал на повеќе лица  од Охрид како и на едно лице-српски државјанин.

Тој, воедно им го отстапил и својот дом за користење односно употреба на опојната дрога. Во почетокот на јули оваа година, по извршен прêтрес, пронајден е дел од купената дрога.  Првопријавениот, кој беше во бегство, е пронајден и приведен од страна на инспекторите  од одделението за недозволена трговија со дрога.

Второпријавениот Т.К. во почетокот на месец септември оваа година, набавил одредена количина опојна дрога „марихуана“ која подоцна му ја продал на лице-наркозависник од Охрид. И тој,во својот дом овозможувал  уживање дрога.  По извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се непродадениот дел од дрогата и семки од растението „канабис сатива“ .

СВР Охрид, на потегот помеѓу селата Лескоец и Лакочереј, пронајде импровизиран бункер со 34 насади од растението „канабис сатива“ од кои 5 засадени а останатите претходно откорнати и сокриени во селото Куратица за натамошна  обработка.

Ohridnews