
Во 2011 и 2012 година, пријавените како в.д. директори во различни временски периоди во ЈП „Градски гробишта“, се повикувале на поранешен тендер и ангажирале иста фирма за набавка и монтажа на споменик, по што била донесена одлука од општината да се зголемат износите на цените во претпријатието, но истите со задоцнување од една година постапиле по одлуката и вратиле фактура на друго претпријатие иако биле должни да ја исплатат. Од страна на комисија е утврдено дека во претпријатието постоеле разлики во продажбата на гробни места, имало недостаток на градежни материјали и во материјалната евиденција влезот и излезот на материјали не се поклопувал. На овој начин пријавените го оштетиле ЈП „Градски гробишта“ за износ од 4.376.102 денари.
OhridNews











