СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Во текот на септември 2013 година, при извршен претрес во домот на првопријавениот биле пронајдени двајцата охриѓани во моментот додека уживале наркотична дрога марихуана.

Со вештачењето е утврдено дека се работи за 0,32 грама марихуана помешана со тутун, а истата ја набавил второпријавениот.

OhridNews