Полициската станица- Струга поднесе кривична пријава против 41- годишен стружанец , раководител на ДОЕЛ за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Во текот на 2012 година, на магистралниот пат Струга-Ќафасан,  на државно земјиште, лицето без дозвола поставило рекламна табла.

Кривична пријава е поднесена и против 17- годишен стружанец, поради сторено кривично дело „незаконит риболов“. На 20- ти мај, во Струга, пријавениот бил затекнат како излегува од реката Црн Дрим со нуркачка опрема, а при преглед кај истиот биле пронајдени 5,5 килограми јагула.

OhridNews