Кризата предизвикана од КОВИД-19 силно ги погоди нискодоходовните групи граѓани кои најчесто работат на нископлатени работни места или се дел од неформалната економија, примаат социјални трансфери или дознаки од странство покажала анализата на истражување спроведено од FINANCE THINK – Институтот за економско истражување и политики – Скопје.
Анализата покажала и дека поради пандемијата, стапката на релативна сиромаштија во земјава ќе се зголеми за 1,2 процентни поени, што значи дека нови 25 илјади лица се втурнати во сиромаштија за време на Ковид кризата.
Резултатите за апсолутната сиромаштија се позагрижувачки и укажуваат дека заради кризата, нови 100 илјади лица ќе живеат со помалку од 5.5 долари (според паритет на куповна сила) односно 126 денари на ден, се вели во соопштението од Институтот.

OhridNews











