И покрај тоа што Министерството за труд и социјална политика пропиша мерки за заштита на работниците кои работат на отворено на екстремно високите температури и препорача истите да не се изложуваат на физички активности во периодот од 11 до 17 часот, тие не се почитуваат. Иако температурата на сонце вчера се искачи над 40-от степен, речиси насекадсе во државата каде во тек се градежни активности на јавни површини и објекти, се работеше. Исклучок не се ниту државните институции и локалните самоуправи, кои брзајќи да ги завршат започнатите проекти, заборавија на препораките од Министерството за труд и социјална политика.
Во Охрид вчера продолжи изградбата на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ и се асфалтираше под жешкото јулско сонце.
Кружниот тек се асфалтира на +40
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, упати апел до локалните самоуправи да им сугерираат на компаниите што им ги изведуваат проектите да ја намалат својата активност во периодот од 11 до 17 часот.
– Ја разбирам потребата и на граѓаните да добијат нови улици и крстосници, меѓутоа треба да се има предвид дека елементарно човеково право е на секој работник да му се обезбедат нормални услови за работа. Моментно во надворешни услови нема елементарни услови за работа во период од 11 до 17 часот и ќе продолжиме да го спроведуваме законот без разлика кој е работодавачот и на каков проект се работи, предупреди министерот за труд и социјална политика.
Министерството за труд и социјална политика, односно Државниот инспкеторат за труд веќе изрече 25 решенија за забрана за вршење дејност на фирми што не ги почитувале препораките да не ангажираат работници на терен во период кога се највисоки температурите и е најголемо зрачењето.
Со свеченост денеска беше означен почетокот на изградбата на автопатската делница Букојчани – Кичево, значаен сегмент од Коридорот 8 и уште еден чекор кон целосно автопатско поврзување на Охрид и С...
SPAR го отвора својот прв маркет во Охрид во среда, 14 октомври, во 14 часот, во Охрид мол Брендот што започна како идеја за заедништво во 1932 година ја продолжува својата приказна во Охрид, носеј...
Од денеска, 12 октомври, започнува примената на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ на подрачјето што го покрива СВР Охрид По завршувањето на техничките проверки и финалните тестирања, ка...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.