Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва во 21 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот, ќе биде изведена претставата „Крвава свадба“ од Јулија Паскал.
Драмата го истражува моралот  на измачувањето. Дали е исправно да се брутализира некого, со цел да се добие информација, која ќе ги спаси другите. Или, дали измачувачот ја губи хуманоста со тоа што постанува толку суров, колку и убиецот?
 
Јулија Паскал е драмски писател и театарски режисер од Лондон. Таа беше првата жена директор на Националниот театар.
Нејзините драми се изведувани во Обединетото Кралство, Франција, Германија, Белгија и САД.
Во претставата настапува познматата актерка Ана Сава. 
OhridNews