Под мотото “Имаш 5 минути? Дарувај крв – спаси некому живот“, денеска од 7:30 до 15 ч. во паркот пред Рибниот ресторан ќе се одржи акција за доброволно дарување крв.

Целта на акцијата што ја организираат охридскиот Црвен крст и одделението за трансфузиологија при општата болница, е да се искористи присуството на големиот број граѓани на манифестацијата по повод Водици на пристаништето и да се соберат што е можно повеќе единици крв.

Организатото за сите хумани граѓани што ќе даруваат крв обезбеди скромни подароци.