Фудбалерот со македонско потекло Дејан Кулушевски ги помина потребните мединциски прегледи и стави потпис на четиригодишниот договор со најтрофејниот клуб во Италија, Јувентус.

 

Кулушевски, сезонава ќе ја доигра во Парма како позајмен фудбалер од Аталанта. Тој во дресот на „млекарите“ во есенската полусезона постигна четири погодоци и седум пати успешно асистираше до своите играчи со што го привлече вниманието.

Аталанта од трансферот на Кулешевски ќе заработи околу 35 милиони евра плус дополнителни бонуси, кои, ќе зависат од учинокот на фудбалерот.

Кулешевски во 2015 година запиша шест настапи за македонската репрезентација до 17 години, но потоа одлучи „црвено жолтиот“ дрес да го замени со шведскиот. Минатата година, Кулешевски настапи за „викинзите“ и дефинитивно ја одбра Шведска пред Македонија.

OhridNews

Кулешевски на медицински прегледи пред потпис со Јувентус