Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц во изјава за медиумите вели дека ситуацијата е драматична во градот, но апелира граѓаните да останат мирни и присебни и да не подлегнуваат на провокации.

 „Апелирам до граѓаните да останат мирни, да сочуваат присебност, да не се вклучат во никакви групи заради етнички поделби, зошто сите контакти со политичките партии и граѓанските организации, особено албанските, велат дека никој не дава поддршка и кризата треба да се заврши со елиминација на оваа група и враќање на мир и спокојство на граѓаните во Куманово“, вели градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски- Циц.

OhridNews

Извор:Макфакс