Годинашните кумови на манифестацијата “Богојавление-Водици” , Олег Маленко, Христијан Шапкар и Борис Маркулевски денеска го посетија одделението за геронтологија при Општата болница при што на старите лица им подарија 30 комплети со перници, чаршафи, ќебиња и прекривки.

Оваа новина, кумовите ја реализираат во координација со Општата болница. Тие се надеваат дека хуманиот потег во духот на христијанскиот празник Водици ќе го прифатат и идните кумови, со што, тој ќе премине во традиција.

Кумството на Маленко, Шапкар и Маркулевски ќе им биде предадено утре  напладне во црквата „Свети Никола – Геракомија“. 

Ohridnews