Во просториите на Фудбалската федарација на Македонија беа извлечени паровите за 1/4 финалето во Купот на Македонија. Работнички кој го елиминираше бранителот на трофејот Металург, за противник го има Напредок предводен од охриѓаните Бочески и Маркоски.

Лидерот на табелата во првата македонска фудбалска лига Вардар во 1/4 финалето ќе се сретне со фенерџијата 11 Октомври. Освојувачот на пехарот од 2010 Тетекс ќе ги одмери силите со градскиот ривал Ренова додека 1/4 финалните дуели ги заокружува Хоризонт Турново – Брегалница.

Првите натпревари од 1/4 финалето во Купот на Македонија се играат на 19 овој месец додека реванш средбите се на 9 ноември.

Вардар – 11 Октомври
Ренова – Тетекс
Хоризонт Турново – Брегалница
Работнички – Напредок

Мх.П.