ГРК Охрид го совлада РК Скопје утрово во салата „Билјанини Извори“ со конечен резултат 40:24, во рамки на првото полуфинале од Купот на Македонија, група 4.

Најефикасен во редовите на Гладијаторите беше Никола Ристески со постигнати 10 погодоци.

Статистика ГРК Охрид: Андоноски, Матцуока 2, Јукич 1, Лангоски 1, Стоилевски 4, Дрогришки 3, Пелидија 1, Шипинкоски 7, Ристевски Бобан 1, Ристески Никола, 10, Николоски 1, Тасески 3, Шафранко, Орјоникидзе, Бојаниќ 5.

На натпреварот во сениорскиот погон на ГРК Охрид дебитираа 15-годишниот Петар Николоски и 18-годишниот Лука Лангоски. Тие тренираат од осум годишна возраст во младинските категории на ГРК Охрид. Петар и Лука се иднината на охридскиот ракомет.

Фото галерија:

Во второто полуфинале, што се игра во овие моменти во салата „Билјанини извори“ во Охрид играат Еурофарм Пелистер и Куманово.

Финалето од групата 4 од Купот на Македонија се игра вечерва во 19:30 часот.

OhridNews

Фото: А.Момироска