ГРК Охрид е последниот патник на Ф4 турнирот од Купот на Македонија. Во финалето од групата В, вечерва во салата „Билјанини извори“ Охрид забележа висока победа над Куманово од 35:18, полувреме 16:8.

Охрид притисна силно уште од самиот почеток и постојано ја зголемуваше предноста. Куманово не можеше да парира на квалитетот од спротивната страна, што резултираше со убедлива победа на Охрид.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Николче Ристески со 6 гола, Пилиповиќ мечот го заврши со 7 одбрани.

Статистика ГРК Охрид: Пилиповиќ (7 одбрани), Блажески (5 одбрани), Борозан 4, Стрмљан 2, Јагуриноски, Иванковиќ 4, Кукуловски 2, Ристески 6, Тасески 3, Реј Моралес, Лиапис 2, Саврески 1, Бојаниќ, Ѓукиќ 4, Ќосевски 4, Прибетиќ 3.

Ристески најефикасен на натпреварот Охрид – Куманово. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

На завршниот турнир од Купот на Македонија ќе играат најдобрите екипи од Супер лигата: Охрид, Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

ГРК Охрид на убедлив начин обезбеди пласман на Ф4 турнирот oд Купот на Македонија

На „Гладијаторите“ најпрвин им претстои мечот од Супер лигата со Алкалоид, кој може да биде клучен во битката за Евро лигата каде настапуваат екипи од најсилните лиги на стариот континент, по што следи двомечот од 1/4 финалето од ЕХФ Европскиот куп со Олимпијакос.

Г.М.