Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишен жител на Охрид.

Тој, од 26-годишен сограѓанин, купил мобилен телефон „Huawei“ по цена од 40000 денари што требало да ја исплаќа на рати и, откако му исплатил половина од сумата заминал во странство и не одговарал на упатените телефонски повици. – соопшти СВР Охрид.

Во текот на вчерашниот ден полициските службеници од СВР Охрид санкционирале осум возачи кои управувале патнички автомобил под дејство на алкохол: Охрид-02, Струга-04, Кичево-01, Дебар-01.

Тие се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи по што ќе следуваат соодветни поднесоци. – информира охридската полиција.

OhridNews