Во охридскиот пазар деновиве врие како во кошница. Тезгите полни со најразновидно сезонско овошје и зеленчук , кое во овој период од годината го има во изобилство.

Купувачите задоволни од понудата, но изненадени од цената на одредени производи.


– Најчесто купуваме праски, диња или лубеница, тие сега се и најевтини. Не ни помислувам да купам круши или смокви, навистина се прескапи, велат дел од купувачите кои ги затекнавме како пазарат.


Праските со мов на охридскиот пазар се продаваат од 30 до 50 денари за килограм, додека оние без мов можат да се набават за 60 денари. Цената на килограм сливи е од 20 до 30 денари, дињата се продава за 20 до 30 денари за килограм, лубеницата за 15 денари.


Највисоки се цените на капините кои се продаваат од 50 до 100 денари, круши може да купете по цена од 80 до 100 денари за килограм, а доколку се одлучите за смокви тоа ќе ве чини од 100 до 150 денари за килограм.

OhridNews