Легендата на Челси, Френк Ламапрд имаше деби за заборав на клупата од „сините“ во Премиер лигата откако неговите избраници претрпеа висок пораз (4-0) од Манчестер Јунајтед во дербито на Олд Трафорд. Клубот од Лондон добро го отвори натпреварот, но „црвените ѓаволи“ ги капитализираа шансите и на крајот ги освоија бодовите со убедлива победа.

Направивме четири грешки и примивме четири погодоци. Мораме да бидеме самокритични поради нашите грешки. Ја контролиравме играта во првото полувреме, но донесовме лоши одлуки кои резултатски ни наштетија. Домаќините играа многу подобро кога го постигнаа голот бидејќи им падна притисокот од плеќите. Имаме што да научиме. Не смееме вакви грешки да повторуваме на мечеви од ваков карактер. Ако добро го погледнете натпреварот резултатот не е реален. Ни недостасуваат некои играчи, но не смееме да бараме изговор. Ние сме Челси и не сакаме да губиме 4-0. – изјави Лампард.

Фудбалерите на Челси немаат многу време за поправки во играта, бидејќи в среда ги очекува дуелот со Ливерпул во рамките од Супер купот на Европа. Челси пласман обезбеди по освојување на титулата во Лигата на Европа а Ливерпул триумфираше во Лигата на Шампиони. Мечот се игра на Водафон парк во Истанбул.

OhridNews

„Ѓаволите“ го растурија Челси, деби за заборав на Лампард во Премиер лигата (видео)