Лацио на гостински терен претрпе убедлив пораз од Сиена 3-0 и ја заокружи “црната“ рунда за водечките тимови во Сериа А.

Претходно лидерот на табелата, Јувентус го положи оружјето во Рим, а Наполи на домашен терен не успае да триумфира против Сампдорија.


Лошата вечер за “лацијалите“ ја најави Емегара во 6-та, а во 23-та минута Сиена поведе со 2-0 со голот на Росина. Печат на победата за “бјанконерите“ стави Емегара во 61-та минута.


Табела : Јувентус 55, Наполи 51, Лацио 44, Милан 44, Интер 43…

Мх.П.