Најмалку седум лица загинаа во лавина, а стотици се завеани во големите скијачки центри на австриските Алпи за време на викендот.

Изминатите денови наврнале нови 120 сантиметри снег, а на места снежната покривка е преку 2 метри.

Поради снежното невреме над 10.000 лица се заглавени во ски центрите во Австрија, а спасувачите деноноќно работат да се пробијат до критичните места. Исто така се вршат контролирани експлозии за да се спречат лавини во населените места и ски центрите.

OhridNews