Во рамки на Неделата на животна средина и одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина – 5-ти Јуни, лајонс клубот „Лихнидос“ во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, како и  фудбалската школа “Еврофудбал“ , организираше еколошка акција за чистење на Охридското Езеро од отпад. Акцијата која ја координираше Ј.П.„Охридски комуналец“ има за цел да влијае на свеста на охриѓани за зачувување на животната средина.


– Ваквите акции се добродојдени, треба да преминат во традицонални и да се одвиваат барем  два три пати во годината. Со вакви акции сакаме да влијаеме на подигнување на свеста на граѓаните да не се фрла отпад во езерото и да инциираме и други институции и организации да се ангажираат за подигнување на еколошката свест и одржување на чистотата. Би им порачал на охриѓани да се грижат за чист и убав Охрид, да се грижат за екологија и да придонесат во таа насока – истакна в.д.деканот на ФТУ Цветко Андреевски.

-Сите охриѓани треба да се грижиме за она што ни е свето. Факт е дека со ваквите акции не можеме да  го исчистиме езерото, но важна е пораката што ја праќаме луѓето да не фрлаат отпад и да не ја загадуваат животната средина.-истакна проф. д-р Зоран Тунтев од лајонс клубот „Лихнидос“.






Лавовите од „Лихнидос“ го светнаа крајбрежјето

М.Постоловски