По бурните реакции на студентите од УИНТ, а во врска со најавените законски измени со кои ќе се реорганизира оваа високо образовна установа, со став на својот Фејсбук се јави пратеничката Жаклина Лазаревска. Таа посочи дека основач на државните универзитети е Собранието и дека пратениците имаат ингеренции да поднесуваат измени и дополнувања на законот за одреден државен универзитет. Сето тоа поминува најпрвин преку матичната комисија, Комисијата за образование, наука и спорт, па законодавно правната комисија и на крај заклучиците се доставуваат на пленарна седница на Парламентот, објаснува Лазаревска.

-Што се однесува до мојата намера за охрдскиот универзитет кој патем речено е Државен универзитет основан од Парламентот на државата е негово ставање во законска рамка и целосно поставување на здрави темели, а при тоа СИТЕ АКРЕДИТИРАНИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ да останат и продолжат во своето работење. Зголемување на капацитетот и квалитетот, надградување, целосно афирмирање и етаблирање во академскиот свет. – вели пратеничката Лазаревска.

Моја визија е Охрид да стане ИТ зона по примерот на Силиконската долина во која млади, високо платени ИТ кадри ќе го најдат своето место за живеење и работење, напиша на Фејсбук пратеничката Лазаревска.

OhridNews

Студентите од УИНТ: Ако ни ги одземат инженерските титули џабе сме потрошиле труд, време и пари за учење