СДСМ преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност и сите преземени чекори и постапки сега се препознаени и соодветно валоризирани. Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион, рече на денешната прес конференција пратеничката Жаклина Лазаревска во врска со останувањето на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност.

Но, исто така ова е силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство. Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување. Препораките не се лесни и нивното реализирање бара целосно внимание, одговорност и акција од сите кои споделуваат одговорност. За успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските. Покрај централната власт и локалната самоуправа, вели Лазаревска.

Впрочем, додава, обврските се точно адресирани, посочувајќи дека одговорноста е на сите.

Сите имаат одговорност и мора да се има предвид фактот дека непостапување по препораките може да биде причина за впишување на Охридскиот регион на листата на светското наследство во опасност. Тоа не смееме да го дозволиме. СДСМ преку Владата и институциите кои ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот регион, заштита на македонското и светско наследстсво, потенцираше Лазаревска.

OhridNews