Македонската ракометна репрезентација на престојното Европско првенство во Данска без помошта на Наумче Мојсоски ќе треба да го повтори или подобри пласманот од минатото ЕП. Тогаш „црвено жолтите“ стигнаа до петтата позиција што преставува највисок пласман на ракометари воопшто на едно големо натпреварување.

– Колку е важен тој за Македонија, за македонскиот спорт и за националната селекција излишно е да се трошат зборови. Со него сме играле заедно во црвено-жолтиот дрес 15-16 години во кадетската, во јуниорската и во сениорската репрезентација и не можам да опишам колку ми е жал. Му посакувам побрзо заздравување. Нема да му биде лесно, бидејќи ова му е првата тешка повреда во кариерата. Но, тој е цврст карактер, победник и ќе го победи и ова. Со нетрпение ќе го очекуваме во националниот тим и ќе играме за него на Европското првенство во Данска – рече капитенот на Македонија, Кирил Лазаров.

Токму тие двајца беа ударна игла во нападот години наназад во селекција. Останатите соиграчи ќе треба да му помогнат на Лазаров да го „сокријат“ недостатокот на Мојсоски во нападот и да ја израдуваат македонската нација.

Мх.П.