Скршеницата на дланката бекот на Вардар, Филип Лазаров ќе го оддалечи од теренот месец дена по што ќе го пропушти престојното Европско првенство во Данска. Тој со повреда се здоби на тренинг, а деновите ќе биде извршен оперативен зафат за санацијата на повредата.
– Се чуствувам разочарано зошто нема да настапам на Европското првенство. Повредата не е толку стршна колко што дојде во најлошо време за мене. Се работи за скршеница на дланката кој што дојде по еден најнормален дуел на тренинг. За жал среќата ми била таква да ми се случи токму ова. Деновиве ке одам на операција, по која во првите две недели ке морам да мирувам, а веќе во наредните недели ке почнам со кондициони тренинзи. Кон крајот на јануари очекувам да бидам целосно подготвен за предизвиците што не очекуваат на клубски план – рече Лазаров за клупскиот сајт на Вардар.
Лазаров на своите соиграчи од репрезентацијата им посакува многу среќа и да ги служи здравјето во текот на европскиот шампионат.
– На колегите од репрезентација им посакувам да ги послужи здравјето, а на теренот им посакувам среќа која што со сега и не не следи баш, и поради тоа очекувам токму на првенството да ни се врати барем малку. Верувам во нивните квалитети дека ќе издвојуваме минимум една победа во групната фаза која што ќе не однесе во најдобрите 12 и ќе ни отвори шанса за подобар пласман и рејтинг кои што би ни значеле многу за понатака – заврши Лазаров.
Мх.П.










