СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Тој, на 06.10.2020 во полициската станица Охрид пријавил дека претходниот ден во охридското село Куратица непознат сторител му одзел мобилен телефон и пари. По преземени мерки, било констатирано дека во тој период пријавениот не престојувал на подрачјето на СВР Охрид. – соопшти полицијата.
OhridNews












