Марјан Лазовски новиот тренер на клупата на АМАК СП , се “запозна“ со своите помошници на кратката средба која ја имаа во Охрид.

Стартот на подготовките на новата сезона во која АМАК СП влегува со големи амбиции ќе биде во Среда на 6 Август.

– Се одлучивме за овај датум, или можеби повеќе се врзавме за денот Среда, да тргнат на среќно работите – за ohridnews изјави Лазовски.

Поради обврските кон националната селекција каде Лазовски е прв помошник на Арсиќ, подготовките ќе ги започне првиот помошник Марјан Бошале.

– Датумот на стартот на подготвките се поклопи со ланскиот датум кога ги започнавме подготовките. Се надевам дека оваа сезона ќе биде поуспешна од минатата – ни рече Бошале.

Охридскиот АМАК Сп годинава најави атак на една од титулите,а и се пријави за учество во Евро Челинџ купот.

М.Постоловски