Еден од четворицата играчи кој остана во охридскиот тим од минатата сезона, Влатко Неделков, не доби минутажа која ја очекуваше публиката во Билјанини Извори.

Неделков кој важи за еден од омилените играчи на охридската публика доби неколку минути против Соколи, на кои потсети на оној, минатогодишниот играч кој го остава срцето на теренот.

Јас не подлегнувам  на притисокот на публиката – ја спушта топката Лазовски. Мене ме интересира екипата, можеби имаше мала минутажа, но во иднина ќе добива поголема шанса, тој е играч кој може да помогне. За мене сите играчи се исти. Јас разговарав со него, има бариера која треба да ја надмине.  Останува на него да се наметне и му кажав од тебе зависи – завршува Лазовски.

Охридскиот тим вчера отпатува за Словенија, каде вечерва ќе го има единствениот трениг пред реванш мечот во првото коло од ФИба Евро Челинџ купот. Првиот натпревар во Охрид, Златорог го доби со 76-70.

М.П