Либерално демократска партија – ЛДП Охрид, поднесе иницијатива до Совет на Општина Охрид да се изнајде соодветно решение, на дел од Кејот на Охридското Езеро во центарот на Охрид да се овозможи пристап на лицата со инвалидитет, за тие да можат да ги користат езерските води за капење, односно тука да се направи плажа за лицата со инвалидитет.

Во барањето испратено до Советот, се наведува дека во Охрид има голем број на лица со инвалидитет, а во летниот период нивниот број е значително поголем, бидејќи градот го посетуваат и многу лица со инвалидитет од земјата и странство.

OhridNews